Масло за јадење има, трговците не го купуваат
Државата, поради светската криза со храната и цената на основните животни продукти, се откажа од добивката на нејзиниот дел при продажбата на маслото за јадење, нема ДДВ, но таквата одлука и за малопродажбата тешко им падна на поголем дел од трговците...

Државата, поради светската криза со храната и цената на основните животни продукти, се откажа од добивката на нејзиниот дел при продажбата на маслото за јадење, нема ДДВ, но таквата одлука и за малопродажбата тешко им падна на поголем дел од трговците. Маржата од „нула“ отсто ги демотивира да набавуваат од овој основен продукт, па дел од рафтовите во маркетите се празни. Наспроти ова магацините на производителот од Велес се полни и велат дека нема причина за паника.
И додека потрошувачите се во трка од каде да набават масло за јадење, него го има и стои на залиха. Обесхрабрувачка е информацијата дека цената на овој основен животен продукт во догледно време нема да се намали. Агресијата на Русија врз Украина, кои произведуваат една третина од храната во светот, значеше поголема берзанска цена на сончогледот и рафинираното масло за јадење.
Велешкиот производител, единствен во земјава откупува и произведува масло од сончоглед. За жал поради малкуте засеани површини, лани есента беа откупени само 4 илјади тони, сончоглед, со кој може да се задоволат барањата на пазарот за еден месец.
Петар Печков
