НБРМ реагира на растечката инфлација – ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени
Народна банка повлече потег за смирување на инфлацијата. Зголемена е основната камата за 0,25 процентни поени. Монетарната власт информира дека според последните податоци, инфлацијата продолжи да забрзува...

Народна банка повлече потег за смирување на инфлацијата. Зголемена е основната камата за 0,25 процентни поени. Монетарната власт информира дека според последните податоци, инфлацијата продолжи да забрзува.
Во март е достигната годишна стапка од 8,8 проценти. Главна причина за ова се растечките увозни цени на енергијата и на прехранбените производи, а поради тоа што тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, и поради застојот кај синџирите за производство, се констатира дека растот на цените е пошироко распространет.
„Одлуката да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени е превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период. На девизниот пазар се намалуваат притисоците предизвикани од неосновани шпекулации за курсот“, велат од Народна банка.
