Партии

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за нивелирање на коефициентот на сложеност во образованието со минималната плата

13.04.2022 12:10

Ги повикуваме пратениците на СДСМ, ДУИ и другите партии од власта да го поддржат овој предлог, кој ќе биде доставен до Собранието, како и сите опозициски партии...

„Со нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата, ќе дојде и до општ пораст на платите во образованието.

Ги повикуваме пратениците на СДСМ, ДУИ и другите партии од власта да го поддржат овој предлог, кој ќе биде доставен до Собранието, како и сите опозициски партии.

Предлогот е во согласност со буџетот на државата, и тој може да се изреализира доколку од власта намалат со непродуктивните трошења, договорите во четири очи и матните тендери.

Наставниците заслужуваат поголеми примања, и нивните барања се издржани. Власта наместо да им се заканува и да се обидува да ги попречува во штрајкот, да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде поднесен во Собранието, а со кој ќе се решат проблемите на просветните работници“, велат од опозициската партија.