Пандемија

СЗО: Не е време за олеснување на анти-ковид мерките

13.04.2022 19:16

Констатирано е дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот сè уште е многу активна, смртноста сè уште е висока и вирусот се развива на непредвидлив начин, рече Усен.

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска претседателот на комитет Дидие Усин.

Ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, рече тој во Женева. Констатирано е дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот сè уште е многу активна, смртноста сè уште е висока и вирусот се развива на непредвидлив начин, рече Усен.

Сепак, се поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања воведени за борба против вирусот.

Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата, рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО.