Ракомет

Македонската ракометна репрезентација вечерва и гостува на Чешка во првиот „плеј оф“ меч за СП

13.04.2022 19:34

Преносот од натпреварот Чешка-Македонија е од 20:15 часот на МТВ3, а селекторот Кирил Лазаров бара фокусиранот и посветеност во мечот, како предуслов за добар резултат.

Уште еден значаен ден за македонскиот спорт, поради настапот на македонската ракометна репрезентација во финалниот „плеј оф“ за пласман на С П. Вечерва во Злин, а во недела во Скопје против последната пречка за ново мундијалско учество, што ќе биде 6-то по ред, а вкупно 8-мо во историјата на македонскиот ракомет. Преносот од натпреварот Чешка-Македонија е од 20:15 часот на МТВ3, а селекторот Кирил Лазаров бара фокусиранот и посветеност во мечот, како предуслов за добар резултат. 

„Имаме играчи со искуство на вакви натпревари, а и ме радува формата на ракометарите во пресрет на дуелите со Чешка. Мислам дека поголем дел од овие 16 ракометари што ќе играат вечерва го имаат почувствувано теренот во Злин и знаат дека не е едноставно. Свесни сме дека првиот налет на Чесите е силен и тежок да се издржи, но ќе бидеме фокусирани и подготвени да одговориме на предизвикот. Знаеме дека Чесите се оптимисти, дека веруваат дека можат да дојдат до СП, но ние веќе ги имаме елиминирано“ – вели Лазаров.

Мечот Чешка-Македонија е еден од 7-те кои се играат денес, заедно со Австрија-Исланд, Финска-Хрватска, Израел-Унгарија, Грција-Црна Гора, Германија-Ф. Острови и Словенија-Србија. Белгија е од претходно промовирана во учесник на светското, по исклучувањето на Русија од спортските настани, поради конфликтот во Украина. Реванш натпреварите се на 16ти и на 17ти април.