Фудбал

Атлетико-Манчестер Сити од 21:00 часот со пренос на МТВ 1

13.04.2022 19:38

Синоќа фудбалот покажа зошто е најзначајната, не само споредна, туку често најважната работа на светот. Во Мадрид, Челси водеше 3:0. Реал беше на праг на дебакл, но се избори за продолжение, а таму се извлече како и со ПСЖ и успеа да го елиминира европскиот првак.

Фудбалската Лига на шампионите во четвртфиналната рунда го презентира сиот свој сјај. Синоќа фудбалот покажа зошто е најзначајната, не само споредна, туку често најважната работа на светот. Во Мадрид, Челси водеше 3:0. Реал беше на праг на дебакл, но се избори за продолжение, а таму се извлече како и со ПСЖ и успеа да го елиминира европскиот првак. Реал го загуби реваншот со 2:3, но славеше вкупно со 5:4, поради гостинската победа 3:1 во Лондон.

За двојна шпанска прослава се погрижи Виљареал, кој елиминира и трет европски гигант, Баерн Минхен. Во возвратниот натпревар со Виљареал одиграа 1:1, што значеше вкупна победа од 2:1 за шпанскиот клуб. Сезонава малиот клуб од предградието на Валенсија стана кошмар за великаните. По Јувентус и Манчестер Јунајтед падна и третиот екс европски шампион, Баерн Минхен во меч за влез меѓу 4-те најдобри.

Вечер англиските клубови ќе стартуваат со предност, Манчестер Сити со 1:0, а Ливерпул со победата од 3:1 во Лисабон. Подобриот од пресметката Ливерпул-Бенфика во полуфиналето го очекува Виљареал, а победникот од Атлетико-Манчестер Сити ќе се соочи со Реал Мадрид.