Свет

Украина: Русија подготвена да го нападне регионот на Доњецк

13.04.2022 19:49

Руските сили се повлекоа од околината на Киев и Чернихив, а нападите ги насочија во источна и јужна Украина.

Русија е подготвена да изврши напади во регионот на Доњецк, тврдат украинските вооружени сили. Додаваат дека руските сили наводно се подготвени да го нападнат Херсон на југот на земјата.

Руските сили се повлекоа од околината на Киев и Чернихив, а нападите ги насочија во источна и јужна Украина.

Русите не успеаја да го освојат главниот град како што беше планирано, па нивната стратегија сега изгледа е да ја отсечат Украина од морето и да создадат копнен коридор меѓу Крим и источна Украина, коментираат светските медиуми.