Трговија

Се ограничува продажбата на сончогледово масло во малопродажба

14.04.2022 09:22

Одлуката е донесена поради забележана појава на купување на поголемо количество на масло за јадење, а во изминатиот период се купувало повеќе од просечната потрошувачка на овој продукт.

Почна да важи одлуката за продажба на ограничено количество на сончогледово масло во продавниците. Трговците треба да определат количество на масло кое смее да го купи еден потрошувач и се препорачува ограничување на купување неколку шишиња без можност за купување цели пакети или палети сончогледово масло.

Одлуката е донесена поради забележана појава на купување на поголемо количество на масло за јадење, а во изминатиот период се купувало повеќе од просечната потрошувачка на овој продукт.

„Ваквото ограничување се должи на значајниот пораст на купување масло од сончоглед од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка, како и странски купувачи со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар. Со одлуката треба да се избегне непотребната појава на недостаток на сончогледово масло за јадење на полиците“, се вели во известувањето на Министерството.

Мерката за ограничување ќе трае до 31-ви мај. За нејзина примена, контрола ќе врши Пазарната инспекција.