Сениорите в петок ќе ги знаат противниците во квалификациите за ЕП 2016
Машката ракометна репрезентација на Македонија од вториот шешир в петок ќе ги чека противниците во квалификациите за ЕП во Полска 2016-та.

Нема да играме против Исланд, Германија, Русија, Шведска, Норвешка и Белорусија, кои се во нашиот сад. Од најсилните ќе треба да се избегнат големите 4 : Данска, Шпанија, Хрватска и Франција, па и за нас незгодната Унгарија, додека ги посакуваме репрезентациите на Србија или Словенија.
Другите 14 селекции на ждребот во Варшава од кои две ќе ни бидат ривали во групата се со послаб рејтинг од нас, па шансите за освојување на првото или второ место што водат во Полска се сосема реални.
Шешир 1 : Данска, Шпанија, Хрватска, Франција, Србија, Унгарија, Словенија.
Шешир 2 : Исланд, Германија, Македонија, Русија, Шведска, Белорусија, Норвешка.
Шешир 3 : Австрија, Чешка, Црна Гора, Словачка, Литванија, Португалија, Холандија.
Шешир 4 : Бих, Израел, Летонија, Швајцарија, Украина, Турција, Финска.
