Македонија

„Поместени граници“ за Светскиот ден на уметноста

14.04.2022 10:21

По повод Светскиот ден на уметноста, Друштвото на ликовни уметници во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија, утре, на 15 април, во 13.30 часот ќе ја отвори изложбата „Поместени граници“ во дворот на Министерството за култура ...

По повод Светскиот ден на уметноста, Друштвото на ликовни уметници во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија,  утре на 15-ти април, во 13.30 часот, ќе ја отвори изложбата „ Поместени граници “ во дворот на Министерството за култура, која ќе трае до 20 часот истиот ден.

Оваа изложба традиционално се одржува по шестти пат и со  поставувањето на изложбата во отворениот простор - паркот на Министерството за култура, Министерството се приклучува во одбележувањето на овој Светски ден  на уметноста.

„Поставувајќи ја уметноста поблиску до гледачите, дури и до случајните минувачи, ја продолжуваме мисијата уметноста да биде духовна храна, преку нејзе да испратиме порака и да запрашаме колку сме моќни да направиме промени“, порачуваат од Друштвото на ликовни уметници.

Овогодишното издание на годишната изложба на ДЛУМ ,,Поместени граници” ја има можноста на користење на отворениот простор-паркот на Министерството за култура и со тоа се вклучува во заедничко празнувањето на овој светски датум на уметноста.

Од  ДЛУМ додаваат дека изложбата е концепт проект посветен на новите медиуми, потенцирајќи ги уметничките процеси кои се отворени за промени, уметноста во хармонија со просторот, односот уметност и природа. Изборот на уметниците, воглавно од младата генерација, со свои решенија од последната година на творештвото, внесуваат енергија на поврзаност со природата, но и посветеност на вечни теми на бесконечност, релативност  на времето, еколошкиот пристап кон постоењето, но уметниците се посветуваат и кон пробивањето на границите  на разбирањето и надежта.

На  изложбата ќе  се претстават 8 уметници: Марија Светиева, Ненад Тонкин, Дарко Базерко, Ива Станковска, Ана Трајковска, Јана Јакимовска, Славчо Максимовски и Ана Ивановска