Необработени земјоделски површини во охридско – струшкиот регион
70% од земјоделските површини во охридско – струшкиот регион е необработената почва. Во време на инфлација која е во постојан раст клучно е да се стимулира домашно производство. Земјоделците бараат ефикасна аграрна политика...

Дури 70 проценти од земјоделските површини, во охридско-струшкиот регион се необработена почва. Увезуваме храна по скапа цена која можеме да ја произведуваме во нашата земја. Земјоделците велат во време на инфлација клучно е да се стимулира домашното производство на овоштарски градинарски култури.
„Многу е битно за една земја да има аграрна земја со добра аграрна политика бидејќи во вакви кризни региони најмногу страда аграрот бидејќи војни ќе се водат како за вода така и за храна“, вели Ванчо Стојаноски овоштар.
Младите не сакаат да работат на нива, сакаат канцелариска работа и затоа потребна е ефикасна аграрна политика за стимулирање на земјоделието.
„Секоја држава што е ранлива, односно неподготвена за да произведе добар дел од своите прехранбени продукти таа е многу ранлива и политички однадвор. Ние досега за жал не знаеме тоа да го искористиме“, вели Стојаноски овоштар.
Цените на производите во земјава од ден во ден растат, а граѓаните стравуваат од нови поскапувања, кои стандардно се случуваат за време на Велигденските празници.
Соња Рилковска
