Ковид-19

Притисок во обид да се запре најголемата епидемија на Ковид-19 во Шангај

14.04.2022 12:35

Властите во Шангај, предупредија дека секој што ќе ги прекрши строгите правила поради Ковид-19 ќе биде третиран ригорозно...

Шангај и натаму строго затворен. Испораката на храна и лекови вршат волонтери. Продуктите се оставаат на посебни места за да граѓаните нема контакт меѓу себе.

„Борбата против епидемијата не е само прашање на една заедница, една улица или една земја, туку бара соработка и учество на целиот свет“, рече францускиот волонтер Седрик Фијон.

Властите во Шангај, предупредија дека секој што ќе ги прекрши строгите правила поради Ковид-19 ќе биде третиран ригорозно. Градот е под голем притисок во обид да се запре најголемата епидемија на Ковид-19 откако коронавирусот за прв пат беше откриен во Вухан кон крајот на 2019 година.