ДУИ во Студеничани ги промовираше пратеничките кандидати

07.04.2014 23:50

„Секој проект за добросостојба на граѓаните го има печатот на ДУИ, политичката структура која убедливо без конкуренција управува со политиките на албанците“ рече пред симпатизерите и членството на митингот во Студеничани, носителот на листата во првата изборна единица , Ермира Мехмети.

Ги повика на 13 април да им речат не на претстедателските избори па на кандидатите денот да им го направат  ноќ, а неделата баксузна како петок 13.

„На 27-ми април ќе се судрат два концепта- едниот што сака да го врати вазалството врз албанците, другиот пак е европскиот концепт. Меѓу албанците немаме противници. Сите сме браќа и сестри. Затоа имаме сериозен судир со македонскиот партнер. Да се биде или не, ќе биде тоа за албанците, па веповикувам да гласате за ДУИ

„Секој ден ги гледам по телевизиите. Сите се против ДУИ. Едни бараат на сет глас да бидат против нас за да добијат 62 мандати, други , пак, по секоја цена за да седнат на фотељите во власта. Ние, рече во своето обраќање лидерот на ДУИ, Ахмети, не бараме гласови за да влеземе во владата, туку за да добиеме поддршка за подобра иднина и живеачка на граѓаните

„Баравме кандидат за консензуален претседател. Некој што ќе ги застапува интересите на сите, македонец или албанец, но не се согласивме.  Не се откажуваме од нашата идеја. На 13-ти нема да гласаме зашто немаме наш кандидат. Досегашниот ништо не направи за да ги зближи заедниците, другите не ги исполнуваат барањата  на албанците“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ

Во Студеничани ДУИ ги промовираше кандидатите за пратеници. Пред присутните се обратија дел од нив. Тие ги повикаа жителите на Студеничани и околните населени места да не гласаат на претстедателските избори. Изборниот караван ДУИ го продолжува во Дебар.