Халими во скопски Сарај: Нема да дозволам закони со кои би се дискриминирале албанците
08.04.2014 00:04
„И покрај тоа што албанците се повикани на бојкот, вашето големо присуство покажува дека ми давате поддршка.

Бидејќи сте свесни дека заедно ќе стигнеме до нашата крајна цел“, рече Илијаз Халими, кандидатот на ДПА за претседател пред жителите на Сарај.
„Како претседател ќе бидам на страна на правдата базирајќи се на Уставот и законите, нема да дозволам да се донесат закони кои би ги дискриминирале албанците. Ќе работам да донесам што повеќе инвестиции во деловите што не се развиени. Халими рече деќа ќе води политика поразлична од онаа што до сега се водела. Вели, ќе се ангажирал за добрососедски односи и нема да дозволи со децении да има нерешени прашања, како спорот за името.
