Иванов со чист образ побара нов мандат во Дебар
Нова спортска сала и повеќенаменско игралиште, реновирање на регионалните и локалните патишта, стратегија за отворање на нови работни места.

Ова се дел од проектите што коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ја презентираше пред жителите на Дебар. Претсдателскиот кандидат Иванов, побара нов мандат, како што рече со чист образ, зошто неговите политики во изминативе години се чесни искрени и добри. Иванов да ја добие довербата а коалицијата да освои најмалку 62 пратенички места, побара лидерот Груевски. Вети 2046 нови прокети и отворање на 64 илјади нови работни места во Македонија. Го побара гласот на неопределените, за да не биде, како што рече, Македонија уценувана од луѓе кои бараат промена на Уставот и двојазичност на целата држава.
