Се зголемува бројот на странски гости
Зголемување на бројот на странски гости до 30 насто очекува туристичкиот сектор. Лани во пандемиска година земјава се најде на петтото место во светот според зголемениот раст на туристи - објавија од Агенцијата за поддршка на овој сектор...

Во година на Ковид, Светската туристичка организација известува дека Македонија за 2021-ва забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%. Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина.
Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%. Ваквите бројки можат да значат најава за заздравување на секторот туризам, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Сепак, нагласуваат дека потребата од човечки ресусрси за развој на туризмот и угостителството се реалност и се надеваат оти секторот и факултетите ќе продуцираат квалитетни кадри.
Катерина Топалова
