Економија

Маслото со ограничувања, но го има за сите

14.04.2022 17:33

Трговците ја спроведуваат мерката на Министерството за економија - ограничено купување масло за јадење, а не картони и пакети. Ова го врати маслото на рафтовите во продавниците. И трговците, и производителите, и Министерството за економија уверуваат - масло има доволоно за сите, не треба да се прават залихи и вештачки недостиг...

Ограниченото купување го врати маслото за јадење на рафтовите во продавниците. Министерството за економија ги запозна трговците со мерката. Тие, пак, велат - има доволно масло за јадење, постојано се испорачува.

Некаде 3, некаде 5 литри при едно купување. Граѓаните што ги прашавме сметаат - нема потреба од складирање и затворање пари.

Потрошувачката е два-три пати зголемена. Ограничувањето е да не се наруши и злоупотреби пазарот и да не се создава непотребен недостиг. Министерот за економија Бектеши уверува - масло за јадење има доволно за сите.

И производството е редовно и доволно за потребите.  Ограничувањето ќе трае до 31-ви мај. Инспекторатот ќе врши контроли.

Елизабета Митреска