ИН МЕМОРИАМ

Почина актерката Мајда Тушар

14.04.2022 18:34

Вечерва Македонската телевизија ќе ја емитува снимката од театарската претстава „Сили во воздухот“ од Драмски театар, каде што Мајда Тушар ја игра главната улога...

На 72- годишна возраст почина актерката Мајда Тушар. Тушар дипломирала актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по завршувањето на факултетот активно се вклучила во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се:  Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ , Лисјена во „Болва во уво“, Дафина во „Јане Задрогаз“, Неда во „Црнила“, Ленче во „Ослободување на Скопје“, Орсолина во „Рибарски караници“.

Мајда Тушар е добитник е и на повеќе награди за остварување во областа на театарот.

Во чест на великанот на македонската драмска уметност, Мајда Тушар, вечерва Македонската телевизија ќе ја емитува снимката од театарската претстава „Сили во воздухот“ од Драмски театар, каде што Мајда Тушар ја игра главната улога.