СЗО
СЗО: Од крајот на 2019 година има над 500 милиони случаи со Ковид-19
15.04.2022 10:03
Од појавата на заразата, најмногу инфекции се евидентирани во Европа и во САД...

Над 500 милиони случаи со Ковид-19 од крајот на 2019 година, соопшти СЗО. Од појавата на заразата, најмногу инфекции се евидентирани во Европа и во САД.
Африка пак, од друга страна, сочинува само околу два насто од глобалниот број случаи. Сепак, СЗО има сомнежи за поголем број нерегистрирани случаи на овој континент. Се верува дека до 97 пати повеќе луѓе можеле да се заразат.
Од Ковид-19 починале 6.2 милиони луѓе, се вели во соопштението на Светската здравствена организација.
