Украина

Потона рускиот воен брод „Москва“

15.04.2022 10:10

Рускиот воен брод, кој беше оштетен од експлозија, потона, соопшти руското Министерство за одбрана.
Предводникот на руската црноморска флота, бил влечен до пристаништето кога „бурното море“ предизвикало тонење, се вели во соопштението. Киев, вели дека неговите проектили го погодиле воениот брод. Од официјална Москва не пријавиле никаков напад...

Рускиот воен брод, кој беше оштетен од експлозија, потона, соопшти руското Министерство за одбрана.

Предводникот на руската црноморска флота, бил влечен до пристаништето кога „бурното море“ предизвикало тонење, се вели во соопштението. Киев, вели дека неговите проектили го погодиле воениот брод. Од официјална Москва не пријавиле никаков напад. Од Пентагон, сметаат дека инцидентот со крстосувачот само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација дека руската морнарица „има доволно капацитети“.

„Не можеме да ги потврдиме украинските извештаи дека бил погоден со проектил, но исто така не сме во позиција да го побиеме тоа тврдење, дека тоа можело да биде украинска ракета што го погодила бродот“, вели Џон Кирби - портпарол на Пентагон.

Руско украинскиот воен конфликт трае веќе 50 дена. Претседателот Зеленски вели дека овој ден е достигнување на милиони Украинци, во видеообраќање до нацијата во кое им оддаде почит на бранителите на Украина.

Од почетокот на конфликтот во Донбас загинаа 14.000 луѓе. Како светот реагираше на тоа? Прашањето остана реторичко. Но, токму поради, Русија реши дека можат да си ја дозволат оваа голема војна“изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации соопшти дека речиси пет милиони украинци ја напуштиле земјата до педесеттиот ден откако русија ја започна инвазијата во украина, на 24-ти февруари.

Маријана Димовска