„Танец“ со велигденски концерт
Во вторник, на 19-ти април, Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, на сцената на Националната опера и балет ќе го изведе традиционалниот велигденски концерт. На овој гала концерт, „Танец“ ќе настапи во полн состав, а ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата...

Во вторник, на 19-ти април, Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, на сцената на Националната опера и балет ќе го изведе традиционалниот велигденски концерт.
На овој гала концерт, „Танец“ ќе настапи во полн состав, а ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, преку кои ансамблот ги претставува богатството и разновидноста на регионалните музички кореографски традиции и стилови на богатиот и уникатен македонски фолклор.
Ансамблот „Танец“ е на прагот на динамичната меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостување во Канада и Америка.
Инаку во рамките на новата концертна сезона насловена како „Печат на времето“, „Танец“ изведе повеќе концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“.
