Македонија
Компаниите заинтересирани за изградба на Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река
15.04.2022 12:08
Во најскоро време се очекуваат понудите на деветте компании кои ја поминаа првата фаза на квалификација...

ЕСМ ги чека конечните понуди за изградба на хидроелектраната Чебрен. Од компанијата информираа дека заинтересираните инвеститори, кои се квалификуваа во првата фаза ја посетиле локацијата на Црна Река во Мариово, каде што според проектот треба да се наоѓа капацитетот.
„Во најскоро време се очекуваат понудите на деветте компании кои ја поминаа првата фаза на квалификација, а до крајот на септември се очекува да се избере компанијата која ќе биде дел од јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ за изградба на хидроелектраната Чебрен“, велат од државните електрани. Досега за ХЕЦ Чебрен имаше десетина неуспешни тендери.
