Предлог буџет за земјоделие

21.11.2013 10:06

Стокмен буџетот за земјоделството за 2014 година

   Ресорното министерство планира најмногу пари да се потрошат за субвенции и за капитални објекти за наводнување.

За идната година министерството за земјоделство најмногу пари  ќе  потроши за водостопанството .

Ќе се инвестира во хидроситемите Зелтовица, Лисиче и Јужновардарска долина. Во Кочанско почната е изградбата на брана на оризарска  река со која  ќе се наводнуваат 1.700 хекари и на брана на реката Коњско за 4.500 хектари.

Во 2014 година  најмногу пари ќе се одвојат  и  за субвенции .

Според Предлог Буџетот , Агенцијата за финансиска поддршка  на  земјоделството ќе има на располагање 140  милиони што е за 5 милиони евра  повеќе од  годинава.

Средствата ќе бидат поголеми за и руралниот развој и ќе изнесуваат  26  милиони  евра .   

Со кофинансирање од 50 проценти ќе се подржат инвестициите за  подобрување на конкурентноста и модернизацијата на земјоделските стопанства , инвестициите за обновливи извори на енергија  и руралната инфраструктура и туризам.