Расте тензијата меѓу САД и Русија поради Украина

08.04.2014 09:46

Американскиот државен секретар Џон Кери го предупредил неговиот руски колега Сергеј Лавров дека натамошните руски напори за дестабилизација на Украина ќе ги чинат скапо. Привремениот претседател на Украина Турчинов ја обвини Русија дека ја почнала втората фаза од операцијата со цел да ја симне власта во Киев. Белата куќа соопшти дека има силни докази дека проруските демонстранти во источна Украина не биле жители, туку платеници.

Американскиот државен секретар Џон Кери го предупредил неговиот руски колега Сергеј Лавров дека натамошните руски напори за дестабилизација на Украина ќе ги чинат скапо. Привремениот претседател на Украина Турчинов ја обвини Русија дека ја почнала втората фаза од операцијата со цел да ја симне власта во Киев. Белата куќа соопшти дека има силни докази дека проруските демонстранти во источна Украина не биле жители, туку платеници. Инаку проруските активисти во Доњецк прогласија „народна република“ и по стапките на Крим најавија референдум за источниот дел од Украина да се присоедини кон Русија.  Кремљ предупреди декасекоја употреба на сила во источниот дел на Украина, би можело да ја вовлече земјата во граѓанска војна.

Украинскиот министер за внатрешни работи Аваков рече дека во источниот град Харков била спроведена антитерористичка акција во која биле уапсени 70 сепаратисти. Полицијата се судрила со демонстрантите во обид да ги тргне од пред административната зграда.

„Тоа беше мирен собир, но војската отвори прозорци и почна да фрла чадни бомби кон толпата, кон жени и кон деца...Не разбирам зошто ја плаќаме полицијата? Зошто дозволуваат ова да се случува? “, велат жителите.

Во изминативе денови проруски активисти ги заздоа зградите во Харков, Доњецк и Луханск, прогласувајќи самостојни републики и барајќи референдум за припојување кон Русија.