Почнува фестивалот „Инструментите на моите предци“
Фестивалот се отвора вечерва со 19:30 часот во Салон 19.19 со т.н. ревијална вечер, а ќе се отвори со настап на Детскиот народен оркестар од Детскиот културен центар „Карпош“. Другите две вечери се резервирани за натпреварувачкиот дел.

Од денес до 18-ти април под покровителство на Град Скопје а во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, по четврти пат се одржува Фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“.
Фестивалот се отвора вечерва со 19:30 часот во Салон 19.19 со т.н. ревијална вечер, а ќе се отвори со настап на Детскиот народен оркестар од Детскиот културен центар „Карпош“. Другите две вечери се резервирани за натпреварувачкиот дел.
Од година во година се повеќе расте интересот за учеството на овој фестивал и натпревар преку кој се запознаваат, слават и популаризираат духовната култура и автентичните фолклорните традиции од разни краишта на земјата преку спецификите на звукот на народните инструменти.
Идејата за организирање на ваков фестивал потекнува од потребата да се валоризира трудот на децата кои се ангажирани и учествуваат во Секцијата за изучување на народни инструменти во рамките на Детскиот културен центар „Карпош“ како и тие што изучуваат некој класичен инструмент.
Фестивалот е поделен на два дела народни и класични инструменти. Учесниците се поделени во пет возрасни категории, а ќе ги оценува петчлена жири-комисија составена од докажани и потврдени професионалци.
За време на фестивалот покрај ревијалниот и натпреварувачкиот дел, ќе се одржуваат и мастер клас часови со учество на врвни педагози.
