Регион

Косово: Нападнати полицајци на границата со Србија

15.04.2022 18:02

Според Сфекла, нападот со рачни бомби и АК-47, бил извршен со цел да се исплашат полициските службеници и граѓаните на Косово.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Сфекла изјави дека косовски полицајци биле нападнати во „терористички чин“ во близина на границата со Србија, каде неодамна беше затворен патот што се користеше за шверц на стоки.

Според Сфекла, нападот со рачни бомби и АК-47, бил извршен со цел да се исплашат полициските службеници и граѓаните на Косово.

Во последните три дена ова е четврти напад врз косовски полицајци. Полицискиот директор Самедин Мехмети тврди дека нападите биле извршени затоа што косовската полиција сега се претворила во „пречка“ за организираните криминални групи поддржани од Србија.