Путин: Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да користи руска енергија
Едноставно нема разумна замена за Европа, рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија, предупредувајќи на „исклучително болн“ економски последици доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас.
Едноставно нема разумна замена за Европа, рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва.
Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред сè од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа многукратно повеќе ќе ги чинат потрошувачите.
Лидерите на земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија.
