Израел

Рација во џамијата Ал Акса за време на молитва

16.04.2022 09:14

Дополнително уште стотици Палестинци се приведени откако израелските сили го нападнаа комплексот на џамијата пред зори...

Израелската полиција изврши рација во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот источен Ерусалим, при што медицинските лица пријавија најмалку 150 повредени.

Дополнително уште стотици Палестинци се приведени откако израелските сили го нападнаа комплексот на џамијата пред зори. Палестинската служба за итни случаи на црвена полумесечина го евакуирала поголемиот дел од ранетите.

Десетици повредени верници останале заробени во џамијата. Израелската полиција соопшти дека уапсила најмалку 300 Палестинци за време на последната ескалација. Палестинските извори наведуваат бројка од над 400 апсења.