Северна Кореја стои зад грабеж на криптовалути
Американското Министерство за финансии идентификуваше адреса на дигитална валута што ја користеле хакерите дека била под контрола на севернокорејска хакерска група која честопати се нарекува „Лазарус“...

Министерството за финансии на САД ги поврзува севернокорејските хакери наречени Групација Лазарус со хакирањето на популарната видеоигра Аксие Инфинити (Axie Infinity), поврзана со блокчејн, во кој минатиот месец беа украдени криптовалути во вредност од 622 милиони долари.
Американското Министерство за финансии идентификуваше адреса на дигитална валута што ја користеле хакерите дека била под контрола на севернокорејска хакерска група која честопати се нарекува „Лазарус“.
Според САД хакерската група е контролирана од Генералното биро за извидување.
