Македонија
Украдени шок бомби и солзавци од полициски магацин во Охрид
16.04.2022 13:55
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола. Се преземаат сите мерки за расчистување на случајот...
Солзавец, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Информира дека се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата касарна. Кражбата била пријавена вчера попладне.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола. Се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.