Туризам - Струга

400 милиони долари од туризам ќе се слеат во македонската економија годинава

16.04.2022 14:30

Според прогнозите на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот 400 милиони долари од туризам ќе се слеат во македонската економија годинава. Очекувањата се пораст на странските туристи за 20 до 30%. Во втората половина на мај на брегот на Охридското езеро почнуваат да летуваат редовните туристи од Холандија...

Годинава се очекуваат 400 милиони долари од туризам да се влеат во македонската економија. Според прогнозите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе има зголемување на бројот на странски гости од 20 до 30% и ќе се остварат 2,5 милиони ноќевања.

Сезоната ја отвораат традиционалните гости. Во втората половина на мај на брегот на Охридското езеро почнуваат да летуваат туристите од Холандија.

„Се надевам дека 2022-та година ќе се остварат сите најави и во толку проблематична и сензитивна година ќе имаме ќе имаме повторно раст помеѓу 20 и 30% кога е странскиот пазар во прашање. И ќе ја достигнеме или ќе ја надминеме бројката од 2,5 милиони ноќевања и 400 милиони долари од туризмот во македонската економија.

На охридско-струшкото крајбрежје оваа летна сезона гости ќе има и од Полска, Турција, Израел, но се очекуваат и голем број туристи од земјите во регионот.

„Ќе имаме и поголем број на турски тур-оператори, а веќе се започнати на охридско-струшката ривиеара и првите кружни патувања на германски и турски групи и се надеваме со воспоставување на линијата Тел Авив – Скопје ќе имаме и туристи од Израел“, додава Јаневски.

Ваквите бројки во време кога пандемијата стивнува, влеваат оптимизам и најава за враќање на туризмот на старите патеки.

Соња Рилковска