Шведска

Немири во неколку градови во Шведска

17.04.2022 11:14

Во саботата вечерта избувнаа немири во јужна Шведска и покрај тоа што полицијата превентивно го премести собирот на антиисламската екстремно десничарска група која планирала јавно да го запали куранот...

Во саботата вечерта избувнаа немири во јужна Шведска и покрај тоа што полицијата превентивно го премести собирот на антиисламската екстремно десничарска група која планирала јавно да го запали куранот.

Пријавени се тепачки и немири во јужниот град Ландскрона, бидејќи демонстрациите закажани таму биле префрлени во блискиот град Малме.

Речиси стотина, главно млади луѓе фрлале камења, палеле автомобили, автомобилски гуми и канти за ѓубре и го попречувале сообраќајот со барикади.