Македонија на светско

Македонија слави, Македонија на Светско првенство

17.04.2022 22:09

Со победата над селекцијата на Чешка со 27-25 во реванш натпреварот од плеј-оф двомечот за настап на Светското првенство, македонската ракометна репрезентација 6-ти пат последовно, вкупно осми ќе биде дел од собирите на најдобрите светски репрезентации...

Со победата над селекцијата на Чешка со 27-25 во реванш натпреварот од плеј-оф двомечот за настап на Светското првенство, македонската ракометна репрезентација 6-ти пат последовно, вкупно осми ќе биде дел од собирите на најдобрите светски репрезентации.

Нашите ракометари резултатски го контролираа натпреварот,на полувреме имаа 14-12, поведоа и со 20-16, но по серијата одбрани на чешкиот голман Мрква натпреварот влезе во неизвесен финиш. Во последниот напад што беше решавачки за победа беше изнуден пенал што го реализира најефикасниот на средбата со 9 гола, Кузмановски за ерупција меѓу 7000-та публика во СЦ Борис Трајковски.

Митревски стандардно одличен на нашиот гол со 14 интервенции, Талески се подобар и посигурен постигна 6 гола, а 2 во својот последен репрезентативен настап запиша Филип Миркуловски.