МЗТ Скопје Аеродром без трофеј, но со место во АБА лигата
Вечерва по продолженија (72:72) МЗТ потклекна пред Златибор 78:73, кој дојде како 7-ми по регуларниот дел во завршницата.

Не бидна како се посакуваше, па и очекуваше. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, иако веќе со обезбедено место следната сезона во елитното кошаркарско регионално натпреварување АБА лигата, сепак не успеа со трофеј да влезе во големото друштво. Вечерва по продолженија (72:72) МЗТ потклекна пред Златибор 78:73, кој дојде како 7-ми по регуларниот дел во завршницата. Тимот во Златибор во Скопје покажа сила до триумф и над вториот во првенствениот поредок Хелиос и третоиот Борац Бања Лука, па и вечерва против лидерот МЗТ Скопје Аеродром за заслужено се радува на трофејот. Домаќинската улога на Скопје и македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром на завршниот турнир на најдобрите осум по регуларниот дел од првенството само беше како мотивација плус за македонскиот кошаркарски шампион и потврда дека Аеродром диши со својот клуб.
