ТЕНИС
Циципас до втор мастерс трофеј
17.04.2022 22:24
Ова е само втора мастерс титула на Циципас обезбедена по денешното финале со шпанецот Алехандро Давидович Фокина во два сета игра, од кои вториот во тај брејк.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас петиот светски рекет ја одбрани титулата на мастерс 1000-ката во Монте Карло, првиот од трите турнири на црвеницата како загревање за вториот грен слем францускиот. Ова е само втора мастерс титула на Циципас обезбедена по денешното финале со шпанецот Алехандро Давидович Фокина во два сета игра, од кои вториот во тај брејк. Фокина за трофеен дуел беше подобар од бугаринот Димитров, а инаку во вторито коло го направи супер изненадувањето елиминирајќи го планетарниот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ. Циципас за финале славеше со 2:0 против Зверев.
