Советот на Европа ќе ги следи изборите во Македонија
08.04.2014 10:52
Како што е соопштено од Стразбур, делегацијата на ПССЕ ќе има средба со кандидатите за претседател на Македонија, претседателот на Државната изборна комисија, министерот за внатрешни работи, раководителите на главните политички партии...

Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) составена од 13 членови и предводена од австрискиот пратеник Стефан Шенаш ќе ги следи претседателксите избори во Македонија, јавува дописникот на МРТ од Стразбур.
Делегацијата ќе престојува во Македонија од 10 до 14 април и таа ќе работи заедно со набљудувачите од Бирото за демократски институции и правата на човекот на ОБСЕ.
Како што е соопштено од Стразбур, делегацијата на ПССЕ ќе има средба со кандидатите за претседател на Македонија, претседателот на Државната изборна комисија, министерот за внатрешни работи, раководителите на главните политички партии со кои ќе разговара за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април, како и со претставници на меѓународните институции, граѓанското општество и медиумите, пред да го следи првиот круг од претседателските избори.
Делегацијата на ПССЕ е предружувана и од Овен Мастерс, член на на Венецијанската комисија – групата на независни правни експерти на Советот на Европа, кој ќе треба да даде правен совет за време на оаа посета.
Претходно една делегација на ПССЕ беше во предизборна мисија во Македонија на 11 и 12 март годинава.
Делегацијата на ПССЕ според вообичаената практика ќе треба да изготви извештај за начинот на кој беа спроведени изборите и тој ќе биде ставен на дневен ред на сесијата во јуни.
Тони Гламчевски
