Академија Пандев „скокна“ на второто место
По трите денешни натпревари во прволигашката фудбалска конкуренција во кои покрај гостинската победа на Академија Пандев против Ренова 1:0, гостински три бода прокнижи и Тиквеш низ победата над Скопје 2:1.

По трите денешни натпревари во прволигашката фудбалска конкуренција во кои покрај гостинската победа на Академија Пандев против Ренова 1:0, гостински три бода прокнижи и Тиквеш низ победата над Скопје 2:1. Реми одиграа без голови Брегалница и Шкендија, по што Шкендија само со еден собран бод во ова 28 коло, а трите на Академија Пандев за 55, значат скок за Пандевци од 4-тата на втората табеларна позиција, потиснувајќи ја Шкендија сега на третото мест. Вчерашните три бода на Македонија Ѓ.П ја носат на ист бодовен биланс со Шкендија 53, но на место зад нив, 4-тото. Убедлив лидер и натаму е Шкупи со 68 бода. Бодот дома освоен на Брегалница пак, ги искачи место пред Ренова, односно овие две екипи си ги заменија позициите на табеларниот прволигашки поредок. На 7-то и 8-то место останаа Работнички, односно Струга Трим Лум. Во критничната зона и натаму се Тиквеш како 9-ти кој го мина Скопје по меѓусебната деншна пресметка, Борец е 11-ти и на дното на поредокот останува Пелистер со само 10 собрани бодови.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА (28 КОЛО)
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:1
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0:0
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 1:2
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:0
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:1
БОРЕЦ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2:0
