ЕСМ
Испорака на топлинска енергија само ако температурата падне под 12 степени
18.04.2022 09:38
Со оглед на временската прогноза на УХМР и најавата за пониски температури за викендот, понеделник и вторник, ЕСМ соопшти дека продолжува грејната сезона, но не подоцна од 30-ти април.

Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија донесена од Регулаторната комисија за енергетика продолжува работата на БЕГ, Скопје Север и ЕСМ Енергетика, соопшти државната енергетска компанија.
Со оглед на временската прогноза на УХМР и најавата за пониски температури за викендот, понеделник и вторник, ЕСМ соопшти дека продолжува грејната сезона, но не подоцна од 30-ти април.
Греењето ќе работи доколку прогнозираната средна надворешна температура е еднаква или помала од 12 степени.
