Турција започна нова офанзива против курдските милитанти во Ирак
Операцијата наречена „Канџа“ има за цел да спречи терористички напади, да ја зајакне граничната безбедност.

Турските сили започнаа нова воздушна прекугранична офанзива против курдските милитанти во Северен Ирак. Според турскиот министер за одбрана, воени авиони и артилерија нападнаа цели на Курдистанската работничка партија.
Министерот Хулуси Акар во видео објавено на веб-страницата на министерството тврди дека авионите успешно погодиле засолништа, бункери, пештери, тунели, складишта за муниција и штабови на ПКК.
Операцијата наречена „Канџа“ има за цел да спречи терористички напади, да ја зајакне граничната безбедност.
Офанзивата е дел од кампањата на Турција во Ирак и Сирија против милитантите на Курдската работничка партија, милициите на сириските курди кои Анкара ги смета за терористички.
