Кина
Шангај-центар на најголемиот ковид бран во Кина
18.04.2022 11:22
И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на мерките, населението од 26 милиони во областа на Шангај и натаму живее под полициски час. Минатата недела имаше над 26 илјади нови случаи, кои во најголем дел се асимптоматски...

Кинеските власти пријавија три смртни случаи од Ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.
Шангај во моментов е центар на најголемиот ковид-бран во Кина од почетокот на пандемијата. И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на мерките, населението од 26 милиони во областа на Шангај и натаму живее под полициски час. Минатата недела имаше над 26 илјади нови случаи, кои во најголем дел се асимптоматски.
