Блок вести - Свет

Идентификувано лицето одговорно за нападот во Париз

21.11.2013 10:10

Хрватскиот синдикат на поштите и синдикатот на работниците на Хрватска од денеска почнуваат  штрајк поради неодамнешното прогласување вишок 270 работници, но и поради, како што велат, несовесниот однос на власта, којашто е стопроцентен сопственик на поштите во Хрватска. Собирот се очекува да почне во 11 часот пред влезот во зградата на Хрватската пошта од каде што поворката ќе се упати кон плоштадот Свети Марко. Синдикатите очекуваат да им се придружат  90% од вработените на аеродромот во Загреб.

Хрватскиот синдикат на поштите и синдикатот на работниците на Хрватска од денеска почнуваат  штрајк поради неодамнешното прогласување вишок 270 работници, но и поради, како што велат, несовесниот однос на власта, којашто е стопроцентен сопственик на поштите во Хрватска. Собирот се очекува да почне во 11 часот пред влезот во зградата на Хрватската пошта од каде што поворката ќе се упати кон плоштадот Свети Марко. Синдикатите очекуваат да им се придружат  90% од вработените на аеродромот во Загреб. Од утре и се очекува да нема комерцијални летови.

Француските власти го идентификуваа човекот што беше уапсен за нападите во Париз во изминатата недела. Станува збор за Абделаким Декар, кој во 1998 год. бил осуден на затворска казна поради поврзаност со низа убиства во стилот на Бони и Клајд. Напаѓачот е уапсен во возило во една подземна јавна гаража, а извори велат дека бил во полусвесна состојба.

„Во октомври 1994  тројца полицајци и еден таксист ги загубија животите на ужасен начин. Тоа беше вистински шок за јавноста.Сега го знаеме името на напаѓачот и тоа не потсети на тој ужасен момент“.-----изјави Мануел Валас, министер за внатрешни работи на Франција,

Полицијата верува дека станува збор за истата личност што упадна во седиштето на телевизискиот канал за вести „24 часа“.

Генералното собрание на ОН изрази загриженост поради насилствата во Авганистан, која само за 5 месеци ја очекуваат избори. Собранието предупреди на опасност за безбедноста и стабилноста во земјата, каде што терористичките активности на Талибаните, како и нелегалните вооружени криминалци сеат страв. Според плановите, сите американски трупи ќе го напуштат Авганистан до крајот на наредната година, освен единиците кои ќе ги продолжат обуките на авганистанската војска и со потрагата по припадниците на Ал Каеда.

Еден студент е убиен, а петмина се уапсени во текот на судирите меѓу поддржувачите на соборениот египетски претседател Морси и безбедносните сили на универзитетот Ал Азар во Каиро. Силите на безбедноста упаднале на универзитетот во обид да ги растераат демонстрантите кои ги запалиле дрвјата пред кампусот, барајќи да се ослободат студентите уапсени во текот на претходните судири.  Приврзаниците на Морси често протестираат во предградието на Каиро каде што се наоѓаше кампот на поддржувачите на поранешниот претседател кога безбедносните сили насилно го растурија на 14 август годинава, при    што настрадаа повеќе илјади луѓе.-----

 

Марина Автоска