Иран

Иран со закани кон Израел

18.04.2022 11:32

Израел одбива да ја признае Исламската Република, додека Техеран и светските сили се обидуваат да го оживеат нуклеарниот договор од 2015-та година...

На одбележувањето на денот на армијата, Иран со закани кон Израел.

Претседателот Ебрахим Раиси предупреди дека Израел ќе биде цел на вооружените сили на неговата земја доколку направи и „најмал потег“ против Иран. Израел одбива да ја признае Исламската Република, додека Техеран и светските сили се обидуваат да го оживеат нуклеарниот договор од 2015-та година.

По една година индиректни разговори меѓу Техеран и Вашингтон, беа прекинати минатиот месец. 

Израел се спротивстави на договорот, велејќи дека тој не прави доволно за да ја ограничи нуклеарната програма на Иран или неговите воени активности низ регионот.