Турција започна воена офанзива во северен Ирак
Турски авиони и артилерија нападнаа цели на Работничката партија на Курдистан, пред војниците командоси, поддржани од хеликоптери и беспилотни летала да преминат во соседниот регион. Операцијата наречена „Канџа“ има за цел да спречи терористички напади и да ја зајакне граничната безбедност....

Турските сили започнаа нова воздушна прекугранична офанзива против курдските милитанти во Северен Ирак.
Турски авиони и артилерија нападнаа цели на Работничката партија на Курдистан, пред војниците командоси, поддржани од хеликоптери и беспилотни летала да преминат во соседниот регион. Операцијата наречена „Канџа“ има за цел да спречи терористички напади и да ја зајакне граничната безбедност.
„Ние сме решени да ја спасиме нашата благородна нација од несреќата на теророт што ја измачува нашата земја 40 години. Нашата борба ќе продолжи додека не се неутрализира последниот терорист. Направивме се за оваа акција да биде успешна“, изјави Хулуси Акар - министер за одбрана на Турција.
Авионите успешно погодиле засолништа, бункери, пештери, тунели, складишта за муниција и штабови на ПКК. Офанзивата е дел од кампањата на Турција во Ирак и во Сирија против милитантите на Курдската работничка партија и милициите на Сириските Курди, што Анкара ги смета за терористички. Десетици илјади луѓе се убиени откако ПКК, која е прогласена за терористичка организација од страна на САД и ЕУ, започна бунт во мнозинскиот курдски југоисточен регион на Турција во 1984 година.
Маријана Димовска
