Денови на македонска музика

Концерт „По избор на уметникот“ со Весна Ѓиновска Илкова и Кристина Светиева

18.04.2022 12:30

На концертот ќе бидат изведени вокални композиции од поновата и постарата генерација македонски автори како: Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков, Томислав Зографски, Тодор Скаловски, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Јана Андреевска и Борис Светиев.

Во рамките на 45-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, во вторник (19-ти април) во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт „По избор на уметникот“ со Весна Ѓиновска Илкова-сопран и Кристина Светиева-пијано.

На концертот ќе бидат изведени вокални композиции од поновата и постарата генерација македонски автори како: Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков, Томислав Зографски, Тодор Скаловски, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Јана Андреевска и Борис Светиев.

Дуото Ѓиновска Илкова – Светиева во изминатите години соработка има реализирано бројни успешни камерни настапи на концертните подиуми во земјата и во странство.

За нивните заеднички интерпретации, критиката се огласува со позитивни оцени, истакнувајќи ја непосредноста, топлината, долгите легато фрази и драматичната чувствителност во вокалната техника на Ѓиновска, подвлечени со експресивноста, студиозноста и сигурноста на хармонската придружба на Светиева, создавајќи единствена уметничка симбиоза.