Регион

Евакуирани четири трговски центри во Белград и Ниш по дојави за бомби

18.04.2022 18:20

Се работи за „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград, како и „Делта планет“ во Ниш. Специјални екипи за вакви случаи излегоа на терен, откако најпрво околу 14 часот во полицијата во Ниш пристигнала пријава за бомба, а потоа се случило нешто слично во Белград...

Евакуирани се четири трговски центри во српските градови Белград и Ниш по дојави за бомби.

Се работи за „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград, како и „Делта планет“ во Ниш. Специјални екипи за вакви случаи излегоа на терен, откако најпрво околу 14 часот во полицијата во Ниш пристигнала пријава за бомба, а потоа се случило нешто слично во Белград.

Откако почна војната во Украина, повеќе пати имаше дојави за бомби во авионите кои од Белград летаат кон руските градови.

Вчера Вучиќ откри дека лажни закани до авионите на Ер Србија дошле од Украина и една земја од Европската унија.