Шведска
Приведени 26 луѓе по митинзите на Хардлајн
18.04.2022 19:26
Во два града вторпат во четири дена, избија судири поради митинзи на антиимигрантската и антиисламската група Хардлајн, предводена од данско-шведскиот политичар Расмус Палудан...

По судирите за време на викендот помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени се 26 луѓе. Во два града вторпат во четири дена, избија судири поради митинзи на антиимигрантската и антиисламската група Хардлајн, предводена од данско-шведскиот политичар Расмус Палудан.
Полицијата соопшти дека три лица биле повредени кога испукале предупредувачки истрели за време на судирите во неделата.
