МВР заплени дрога вредна 500 илјади евра

08.04.2014 12:26

Лишени се од слобода двајца македонски државјани...

Министерството за внатрешни работи откри три нови одвоени случаи на нелегално криумчарење дрога.

Во операцијата „Мрежа“ во два случаи пресечени се меѓународни канали, каде што дрогата од  Албанија, преку Македонија и Грција требало да заврши во западноевропските земји.

Лишени се од слобода двајца македонски државјани.

Вкупно запленето е околу 135 килограми марихуана и 5 килограми хашиш.