Рома се спаси во 91. минута во дербито со Наполи
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 68.минута од натпреварот на местото на Ирвинг Лозано. Втор натпревар по ред Наполи киксира на домашен терен, откако минатото коло запиша пораз од Фиорентина од 2-3.

Рома остана непоразена на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во дербито од 33. коло од Серија А и го задржа Наполи чекор во место во трката за титулата со Милан и Интер.
Домашниот тим беше пред триумф, бидејќи водеше благодарение на голот на Лоренцо Инсиње од пенал, постигнат уште во 11.минута. Домашните имаа речиси сигурни три бода до финишот, кога Стефан ел Шарави ги шокираше „наполитанците“ во 91.минута за 1-1.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 68.минута од натпреварот на местото на Ирвинг Лозано. Втор натпревар по ред Наполи киксира на домашен терен, откако минатото коло запиша пораз од Фиорентина од 2-3.
Составот на Лучијано Спалети сега е трет на табелата со 67 бодови, четири помалку од лидерот Милан и два од Интер, кој е втор. Рома остана непоразена 11. меч едноподруго и со новиот бод има 58, на петтото место.
