Израел

Ракетирана фабриката за оружје на Хамас во Газа

19.04.2022 09:45

Израел гаѓаше цел во појасот Газа како одговор на ракетен напад, соопштија израелските одбранбени сили. Израел смета дека Хамас е одговорен за какво било пукање во појасот Газа.,,,

Израел гаѓаше цел во појасот Газа како одговор на ракетен напад, соопштија израелските одбранбени сили. Израел смета дека Хамас е одговорен за какво било пукање во појасот Газа. Израел, Сад и ЕУ ја класифицираат палестинската милитантна организација која управува со појасот Газа како терористичка.

Израелскиот одбранбен систем „Железна купола“ пресретна ракета истрелана од појасот Газа кон Израел во понеделникот, што е прв таков напад во 2022-та година.