Останати спортови

ИКАСОТ ја заживува Матка

08.04.2014 12:34

„Да ја заживееме Матка,да и се вратиме на природата и да уживаме во атрактивниот спорт и единственото задоволство што го нуди прекрасниот спортско-рекреативен центар“-со ваква идеја и се пристапува на на организацијата на една од најстарите спортски манифестации кај нас-Илинденскиот кајак-слалом кој што претстојниот викенд ќе биде одржан по 46-ти пат како најубава најава за европското првенство во кајак на патеката во Матка на почетокот на Јули.

Според нашиот најдобар кајакар Атанас Николовски се очекува настап на кајакари од 10 држави и интересни натпревари, но основната идеја годинава е да се привлечат што повеќе љубители на спортот и одново да заживее едно од најатрактивните места во главниот град. Да им се излезе во пресрет на сите кои сакаат да ја посетат Матка, во деновите од викендот ќе биде организиран бесплатен превоз за сите кои сакаат да го посетат местото што е на 10-тина километри од Скопје, а импонира со единствената природна убавина.

И не само бесплатниот превоз, за деновите од викендот се предвидува и многу забава за посетителите на Матка и  на ИКАСОТ. Свеченото отворање е в петок во 19 часот во Музејот на македонската  борба, натпреварите  во деновите од викендот ќе стартуваат во 10 часот, дружењето со прекрасната природа може да биде целодневна активност.